Пандев доби нови газди во Џенова

573

Горан Пандев го продолжи договорот со Џенова по инсистирање на сите водечки луѓе во Џенова, но од денеска до крајот на сезоната, легендарниот македонски голгетер ќе соработува и со нови имиња чиј глас ќе биде погласен од оној на досегашниот претседател.

По неколку години шпекулации, Енрико Прециози и официјално ги продаде речиси сите акции од Џенова за сума од 150 милиони евра, со тоа што задржа минимален процент кој му овозможува да биде дел од Управниот одбор на клубот.

Нов сопственик на Џенова ќе биде инвестициската компанија од Мајами „777 Partners“, која попладнево со соопштение и пренесе на јавноста дека купила 99,9 проценти од акциите на најстариот фудбалски клуб во Италија.

– Новата раководна структура која ги купи 99,9 проценти од правата на Џенова, ќе вложи нов капитал во клубот и ќе преземе значителни обврски од претходното раководство. „777 Partners“ ќе ја искористи спортската експертиза, медиумите и забавната индустрија со кои ќе се помогне за понатамошна комерцијализација на клубот. Претходниот газда, Енрико Прециози останува во Бордот на Директори, додека извршниот директор Алесандро Зарбони ќе продолжи да ги менаџира секојдневните операции во клубот, – гласи официјалната објава.

– Дојде време да се предаде клубот во други раце. Секогаш велел дека ќе ја оставам Џенова само ако најдаб добар газда и го оставам клубот во раце на „777 Partners“. Им посакувам се најдобро во водењето на најстариот клуб во Италија. Јас секогаш ќе бидам фан на Џенова, – вели Прециози.