Едно од најпријатните изненадувања сезонава е младиот тим на Мемфис ГризлисПо синоќешниот триумф над Минесот Тимбервулвс (116-108) “гризли мечките” стигна до својата 11 победа по ред. Клучна беше третата четвртина која Мемфи ја доби со +13 и направи опиплива предност. Балансираната тимска игра беше главна причина за продолжување на победничката серија. Дезмонд Бејн беше прв стрлец со 21 постигнат поен, следен од Џарен Џексон со 20. Нивниот лидер, Џа Морент беше на чекор до трипл-дабл учинок со 16 поени, 9 асистенции и 8 скокови.
Со 11-тиот триумф по ред, Гризлис стигнаа до најдолгата победничка серија во нивната тимска историја која датира од 1995-та година кога тимот беше формиран со седиште во Ванкувер (Канада). Мемфис се наоѓа на високата трета позиција на Западот со скор 30-14.
NBA FAN
Димитар Младеновски