Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев очекуваат успешен стар со победа во новото УЕФА натпреварување – Лига на Нации.
„Црвено-жолтите“ утре играат со Гибралтар на гостински терен.
– Ги реализиравме подготовките за натпреварот против Гибралтар. Се навикнавме на временските услови и на условите за игра, пред се на теренот. Верувам во моите фудбалери и убеден сум дека ќе оствариме позитивни резултати. Нема да експериментираме со тимот, ќе настапат најдобрите. Верувам дека сите ќе имаат вистински пристап и со победа ќе започнеме во ова натпреварување, изјави Ангеловски на денешната прес-конференција.
Пандев апелира во никој случај да не се потценува противникот.
– Играме со репрезентација која не е многу позната. Во минатото можеби сме имале проблеми со ваков тип на селекции и затоа треба да влеземе многу сериозно. Играме на мал стадион со вештачка трева, но оваа генерација на македонски фудбалери е една од најдобрите во историјата. Фаворити сме и подготвувани за победа, потенцира Пандев.
Натпреварот се игра утревечер со почеток во 20 часот и 45 минути.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



