Вицепремиерот за евроинтеграции во заминување, Никола Димитров вечерва на својот профил на Фејсбук напиша дека му паднало паричето за Василица.
„Ми падна паричето! Мислете му ја“, напиша Димитров со емотикон „смајли“ и објави фотографија од василичарската погача.
Како вицепремиер, тој вчера одржа последна прес-конференција од која упати критики и искажа отворена недоверба кон министри од Владата во која партиципираше. Димитров и за идниот премиер рече дека станува збор за човек кој нема доволно познавања од надворешната политика. Никола Димитров не е во предложениот владин тим на мандатарот Димитар Ковачевски.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















