Мемфис Гризлис продолжуваат да изненадуваат со својата течна игра со која доаѓаат убави резултати.
На синоќешното гостување во најпознатата арена во светот, уште еднаш ја покажаа тимската кохезија која ги прави едно од најпријатните изненадувања сезонава. Натпреварот изобилуваше со ултра брзи контра напади кој младите “гризли мечки” ги решаваа со атрактивни забивања. Мемфис го победи Њу Јорк, во “Медисон Сквер Гарден” со 120-108.
Џа Морент повторно беше лидер на својот тим постигнувајќи 23 поени и поделувајќи 9 асистенции. Крилниот центар Џарен Џексон, оствари дабл-дабл ефект од 26 поени и 10 скокови, а дебитантот Заир Вилијамс постигна 21 поен. На спротивната страна, залудни беа 30-те постигнати поени од францускиот интернационалец, Еван Фурние.
Мемфис се наоѓа на третата позиција во Западот со скор од 36-18.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















