Еден од најинтересните дуели во последните неколку години, претставува судирот помеѓу Денвер Нагетс и Далас Маверикс. Овој дуел е посебно возбудлив пред се поради првите играчи на двата тима, Никола Јокич и Лука Дончич, кој од година во година се вбројуваат помеѓу најголемите кандидати за престижната награда MVP. Според повеќето, се работи за двата најдобри Европски играчи, а нив ги поврзува и големо пријателство.

Во синоќешниот дуел, иако Дончич имаше подобро статистичко издание, Денвер беше далеку подобар колектив. “Нагетси” го декласира гостинот со 31 поен разлика (конечни 106 – 75). Во меч на кој домаќините го диктираа темпото од самиот почеток, лидер беше ветеранот Вил Бартон со 17 поени, следен од Ерон Гордон со 13 и Мајкл Портер Јуниор со 12 постигнати поени. Најдобриот играч од ланското првенство, Никола Јокич, одигра само 25 минути во кој реализира дабл-дабл ефект, сочинет од 11 поени и 16 скокови.

Лошата игра во нападот и нискиот процент на реализација беа пресудни за кошмарната ноќ на тимот од Тексас. Во бледото издание на “мавси”, предводник беше Дончич со 16 поени и само уште еден негов соиграч беше двоцифрен во поентерските задачи, Треј Бурк кој постигна 11 поени. Ова претставува најтешкиот пораз на Далас Маверикс во последните 5 години.
NBA FAN
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



