Мајами Хит рано сабајлево се судри со Бостон Селтикс и го претстави своето најново оружје, гранитната одбрана.
Момците од Флорида пружија игра налик на нивните ривали и извојуваа голема победа на гости со 109:103 (за водство од 2:1). “Жешките” имаа 19 украдени топки што е нов тимски рекорд. И покрај повредата на нивниот лидер, Џими Батлер успеаа да го издржат притисокот.
Уште во првата четвртина Мајами поведе со 39:18 и го диктираше темпото до самиот крај на натпреварот. Бем Адебајо беше одличен со 31 постигнат поен а Пи-Џеј Такер се врати по повредата со 17 поени. Посебно мотивирачки делуваше присуството на Кајл Лаури кој исто така беше отсутен поради повреда. Ветеранот по пауза од речиси еден месец, одигра 30 минути и постигна 11 поени.
Кај домаќините Џејлен Браун имаше инзвонредно офанзивно издание со 40 поени но, првата ѕвезда на “селтикси” Џејсон Тејтум беше комплетно неутрализиран и исфрлен од игра постигнувајќи прескромни 10 поени. Кај “жешките” владее оптимизам дека повредата на коленото на Џими Батлер не е посериозна и дека ќе биде во можност да се врати во составот за натпреварот број 4.
NBA FAN
Димитар Младеновски