По синоќешниот пораз од лидерот Феникс Санс, тимот на Лос Анџелес Лејкерс останаа без плејоф пласман.
Откако го претрпеа седмиот пораз по ред (121:110) поранешниот шампион и математички ги загуби шансите за постсезонски натпревари. Дури и да ги победат сите преостанати натпревари, “лејкерси” немаат шанса за пласман. Тимот од Аризона стави печат на нивната мизерија. Со ова доаѓа до крај на една од најлошите сезони во богатата тимска историја. Сезоната во која влегоа како еден од главните фаворити за тронот завршува како огромно разочарување за сите во “градот на ангелите”.
Ќе биде исклучително интересно во која насока ќе тргне 17 кратниот NBA шампион? Прв на излезна врата е тренерот Френк Вогел и поранешниот MVP Расел Вестбрук кој одигра сезона далеку под очекувањата. Не очекува возбудливо лето.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















