NBA-Прогноза за вечерашните натпревари

747

По сугестија на мојот другар Лазар Дуковски, следува кратка прогноза за NBA дуелите кој ќе се случат вечерва.

Милвоки – Бостон

Шампионот од Висконсин го пречекува еден од најжешките тимови во лигата. “Селтикси” играат одлична кошарка во вториот дел од првенството и не би било никакво изненадување доколку го освојат “Фисерв форум”. Бостон има една победа повеќе од Милвоки и се наоѓа на второто место во истокот. Очекуваме и многу поени на овој меч како и неизвесност до самиот крај.

Шарлот – Орландо

Младите “стршлени” се борат за влез во плејофот и овој натпревар им е од исклучително значење. Кај “магичните” ќе отсуствуваат младиот плеј Кол Ентони и перспективното крило Вендел Картер Јуниор што го прави Шарлот апсолутен фаворит во овој дуел.

Денвер – Мемфис

Никола Јокич и Денвер Нагетс ги пречекуваат гладните гризли мечки во натпревар на кој нивниот лидер Џа Морент ќе го одмара коленото. Во ваква ситуација “нагетси” се фаворити и се очекува одбрана на домашниот терен. Дилон Брукс кој има одлична сезона е под знак прашалник за настап поради повреда на колкот и голема е можноста Мемфис да настапи без него. “Гризлис” се сигурни на втората позиција на западот за разлика од Денвер кој во последните 3 натпревари во првенството има шанси да оди погоре од шестата позиција на табелата. Очекуваме по гладниот тим да победи.

Торонто – Филаделфија

Уште еден исклучително интересен дуел. “Рептилите” ги пречекуваат “сиксерси” во дуел помеѓу четврто и пето пласираниот тим на истокот. Џоел Ембид игра во MVP форма а неговата Филаделфија има реални шанси да се искачи некое скалио погоре на табелата пред пестојниот плејоф. За очекување е тврд и неизвесен меч во кој “сиксерси” ќе го освојат гостинскиот терен.

NBA FAN 
Димитар Младеновски