Мајами Хит остана во игра. Иако десеткувани од повреди и сметани за големи аутсајдери, сепак успеаа да стигнат до триумф. Во третиот натпревар од финалната серија, тимот од Флорида го победи Лос Анџелес Лејкерс со 115:104 и така намали на 2:1 во серијата. “Жешките” со балансирана и дисциплинирана игра докажаа дека не се случајно Источни шампиони.
Мајами потполно заслужено стигна до првата победа во големото финале. Имаа водство од почетокот на натпреварот, а на стартот од третата четвртина имаа и максимални +14 (68:54).
Меѓутоа, Лејкерси го возвратија ударот и успеаа да намалат на стартот од последната четвртина. Mајами успеа да се врати со одлична игра во финишот и дојде до двоцифрена предност за конечна победа.
Натпреварот на кариерата го одигра Џими Батлер кој оствари трипл-дабл со неверојатен учинок од 40 поени, 11 скокови и 13 асистенции. При отсуство на Бем Адебајо и Горан Драгич поради повреди, одлична партија пружија дебитантот Тајлер Хиро како и центарот Кели Олиник кој заедно постигнаа по 17 поени.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















