Милвоки Бакс го пречека Лос Анџелес Лејкерс рано утрово.
Во дуелот на два поранешни NBA шампиони, гостите од Калифорнија се радуваа на победата од 133:129. Последната четвртина од натпреварот се играше “кош за кош” и тимовите се константно се менуваа во водството. Пожртвуваноста и несебичноста која ја покажаа “Лејкерси” беше клучна за големата победа. Џру Холидеј имаше шут за израмнување но, не беше успешен.
Ентони Дејвис имаше фантастична вечер постигнувајќи “дабл-дабл” учинок од 44 поени и 10 скокови. Леброн Џејмс беше блиску до “трипл-дабл” учинок со 28 поени, 11 асистенции и 8 скокови додека, Расел Вестбрук реализира 15 поени и 10 асистенции.
Кај домаќините, Јанис Антетокумпо постигна 40 поени а Џру Холидеј 28 поени и 9 асистенции, што се покажа недоволно за зачувување на домашниот терен.
Со новата победа, “лејкерси” полека се доближуваат до 50% успешност. Во моментов имаат 9 победи и 12 порази.
NBA FAN
Димитар Младеновски