NBA-Крвава ноќ во Детроит (ВИДЕО)

900

Лос Анџелес Лејкерс се судри со Детроит пистонс (во буквлна смисла) синоќа, како во времето кога двата тима беа големи ривали за титулата.

Тимот од “Ел-Еј” ја прекина лошата серија. Извојува тешка и заслужена победа од 121-116. Мечот ќе остане запаметен по инцидентот кој се случи во второто полувреме.Домаќините водеа и со 15 поени предност, кога во третата четвртина (по еден дуел во рекетот) Леброн Џејмс го “закачи” Ајзеа Стјуарт со лакт во пределот на десната аркада. Младото крило на “пистонс” веднаш избувна, и беше потребно долго време за да се смири тензијата на теренот.

Стјуарт веднаш беше исклучен од мечот, а истото важеше и за Џејмс. За “кралот” ова е само второ исклучување во богатата кариера. По инцидентот, “лејкерси” направија серија и го вратија резултатот во своја полза. Ентони Дејвис беше лидер со 30 постигнати поени, следен од Расел Вестбрук со 26.

NBA FAN

Димитар Младеновски