Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс изјави дека трансферот на супер ѕвездата Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус е поврзан со неговото ривалство со најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси.
– Изненаден сум дека тој го напушти Реал и отиде во Италија. Мислам дека тоа е огромен предизвик за него, но тој оди во топ клуб. Добра точка во неговата биографија. Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус, изјави Велшанецот.
Тој смета дека Португалецот е „опседнат со идејата да биде подобар од Меси“.
– Сега тој ќе помисли: „Го постигнав ова во Англија, го постигнав тоа во Шпанија, планирам да го направам истото во Италија, а веќе го направив во Португалија“. Можеби неговата мотивација е во одговор на прашањето Роналдо или Меси?, заврши Гигс.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)



















