Ако се спомне името на Ален Ајверсон, за огромен број кошаркарски фанови, асоцијацијата е единствена.
ИКОНА!
Во 1996 година, во NBA се појави молневито брзо младо момче кое на многу начини ќе ја одбележи декадата која следува.
Почнувајќи од непоштедната борба, храброста во дуелите со далеку посилни од него, преку напорната работа, убиствениот и незадржлив дриблинг кој го поседуваше, брзината со која ги решаваше задачите, цврстината и желбата да биде на теренот со повеќекратни повреди…
Безброј каректеристики кој го прават посебен а можеби најмногу се одвои со својот изглед.
Од тетоважите во изобилство, преку плетенките на главата, до “street wear / hip-hop” стилот на облекување. Набргу ќе следи колумна за влијанието кое “The Answer” го имаше врз една цела нова генерација кошаркари, и за тоа колку неговото присуство на теренот ја видоизмени кошарката.
До тогаш уживајте во ова видео.
NBA FAN
Димитар Младеновски