Синчето на Миа Костова доби незгодно прашање, на кое мама има одговор ама… оди, па кажи го да те видам!? (ФОТО)

220

Миа Костова е во Охрид. Водителката на „Бекстејџ“ ужива во езерото и неговите убавини на летните горештини. Се разбира, со неа е и нејзиното синче, малиот Андрија.

Ама ниту тој ниту мама не се сами. Обајцата уживаат во супер друштво. Особено Андрија кој уште од малечок ја покажува својата дружељубивост и емпатија кон другарчињата, односно девојчињата, во случајов ќеркичката на една исто така позната македонска личност, музичар од познато семејство и пејач во рок група.

Деѕтската игра нема крај, особено кога си на летен одмор, а од дружбата на најмладите произлегуваат илјадници прашања и непознаници, на кои, деца како деца, си бараат одговор?!

Така додека мама Миа фаќаше позиција за што подобро да ги улови сончевите зраци, зад грб Андија и неговата мала пријателка си играа. Во еден момент малечката на синчето на Миа му постави „незгодно“ прашање: „А каде живее  татко ти?“, на кое малиот Андрија ништо не одговри.

Во тој момент мама Миа беше со мобилниот в раце, па го овековечи моментот. И од дечињата и од туѓата љубопитност, ама и од својот израз на лицето, па ги објави на своите  Инстаграм приказни.

Одговорот на прашањето Миа секако добро го знае. И кој е и каде живее. И тоа само таа и уште мал круг на луѓе околу неа. Сепак тоа е една од оние работи кои треба да останат во „кругот“… Се разбира, се’ додека мама не одлучи да биде поинаку!

А можеби и веќе одлучила, па одговорот е тука некаде, скриен меѓу редови на нејзините објави.

Кој умее да чита, бргу ќе сфати! Кој не… И понатаму нека се распрашува по комшии!

loading...