Доколку се погледне низ историјата, името на Рој Лавеста Џонс Јуниор ќе се забележи дека е запишано со златни букви.
Носител на сребрен медал од Олимпијадата (далечната) 1988 година во Сеул, тој беше се само не обичен.
Најимпресивно делува податоткот што неговата кариера траеше речиси 30 години. Подеднакво интересно и возбудливо делува податокот што “the Superman” во својата богата кариера се натпреваруваше во 5 различни категории (Super middleweight, Middleweight, Cruiserweight, Light heavyweight и Heavyweight).
Eдинствениот боксер на кого тоа му пошло од рака е токму борецот од Пенсакола, Флорида.
Џонс е 4-кратен Светски шампион во 4 различни категории.
Избран за најдобар Американски борец во 90-тите години од страна на Асоцијацијата на боскерски новинари.
Исто така, во 4 наврати е биран за боксер на годината (1994, 1996, 2000 и 2003 година).
Денес е успешен на повеќе полиња.
Активно коментира и анализира боксерски мечеви. Ја продолжи својата успешна актерска и музичка кариера која исто како и спортската, трае повеќе од 3 декади.
За многумина експерти “Суперменот” е еден од најкомплетните и најуспешни боксери во историјата. Често како епитет го добива приматот “перфектен борец” поради молскавичната брзина на ударите со обете раце, рефлексите како и атрактивноста во рингот.
Токму тој е и автор на една од најсилните мотивациони песни кој некогаш биле издадени. “Can’t be touched” на вистински начин го опишуваат начинот на кој долг период ги тероризираше противниците и доминираше во рингот.
Уживајте…
Димитар Младеновски