Тимот на Феникс Санас претставува едно од најпријатните изненадувања во годинашната натпреварувачка сезона. Составот од Аризона, од стартот на првенството презентира стабилна игра и амбициозност за место во доигрувањето по повеќегодишна пауза.
Главна причина за напредокот на “сонцата” е нивниот генерал, Крис Пол кој за време на преодниот рок пристигна во тимот. Искуството и лидерството на “Си Пи 3” беше на дело на синоќешниот дуел со секогаш незгодниот тим на Портланд Треил Блејзерс. “Сонцата” го разнесоа противникот и забележаа висока победа (конечни 132-100).
Сјајниот плејмјекер го диктираше темпото во текот на целиот меч. Со 9 успешни додавања го предводеше тимот од “долината на сонцето” до сигурно водство кое го задржаа до самиот крај. Еден од најдобрите бекови во лигата, младиот Девин Букер го предводеше тимот со 34 реализирани поени. Во чекор го следеше поранешниот прв пик на драфтот, високиот центар Андре Ејтон кој постигна 19 поени. На спротивната страна, единствено расположен за игра на тимот од Орегон беше нивната прва виолина, Демиен Лилард кој постигна 24 поени и 7 асистенции. По овој натпревар Феникс ја задржа четвртата позиција на табелата од Западната конференција, а Портланд е веднаш зад нив на петото место.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















