На денешен ден (пред повеќе од три децении) се случи еден од најубавите моменти во кошаркарската историја.
При израмент резултат (2-2 во победи) во премиерата на разигрувањето, се играше решавачкиот меч меѓу домаќинот Кливленд Кавалирс и (послабо рангираниот гостин) Чикаго Булс. Во тоа време (се до 1999 година) победникот во првото коло на плејофот се одлучуваше по добиени 3 натпревари.

И покрај тоа што (во сезоната 1988/1989) “коњаниците” важеа за фаворит од страна на аналитичарите, (најголемиот на сите времиња) Мајкл Џордан го докажа спротивното. Последните моменти од решавачкиот двобој е окaрактеризиран како почеток на растот на (тогаш) младите “бикови”.
Во својата 5-та професионална сезона, тогаш 25 годишниот “Ем-Џеј” на дело, покажа колку е способен сам на свои плеќи да води тим на кој му се предвидуваше повеќе од светла иднина. Прогнозите беа повеќе од прецизни.
Последниот шут кој го реши мечот е наречен “кинач на срцата”. Уживајте во најубавите моменти од оваа инстант класика.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















