NBA-Кајри Ирвинг се сели во Далас!

375

Ја имаме првата голема трампа во тековната сезона.

Еден од најдобрите бекови во NBA, Кајри Ирвинг од Бруклин Нетс се сели во Далас Маверикс. Двата тима се договорија за условите при што Ирвинг доаѓа во Тексас а во спротивен правец аминуваат Спенсер Динуиди (кој и претходно играше во дресот на “Нетси”), Дориан Фини-Смит, 1 пик од првата рунда и 2 пика од втората рунда на идните драфтови.

Веќе подолг период првиот човек на Далас Маверикс, Марк Кјубан најавуваше промени во тимот. Тоа беше повеќе од потребно доколку се има во предвид дека првата ѕвезда во составот, Лука Дончич ја игра најдобрата сезона во кариерата и често е единствената светла точка во нападот. Во осумкратниот “Аll-Star”, Лука конечно добива сериозен партнер, посебно за реализација на напаѓачките задачи.

Ирвинг кој во  Март ќе наполни 31 година, очекуваше нов четиригодишен договор од Бруклин кој би чинел близу 200 милиони долари. Откако челниците на тимот не му ја задоволија желбата, поранешниот шампион веднаш побара трампа во нов клуб. Тимот од Њу Јорк мораше брзо да реагира бидејќи стана повеќе од јасно дека летово Ирвинг секако ќе го напушти клубот.

По пристигнувањето на популарниот “Uncle Drew” несомнено е дека Далас Маверикс има сериозни амбиции за што повисок пласман. Уште по интересни се информациите кој доаѓаат од САД. Медиумите прогнозираат дека “Мавси” тука нема да застанат со засилување на тимот и дека наредните денови се очекуваат уште промени. Крајот на преодниот рок е во Четврток.

NBA FAN 
Димитар Младеновски