NBA-“Гризлис” на чекор до елиминација / “Волшебниците” не се предаваат

228

Јута Џез е на чекор до пласман во следната рунда по синоќешната победа (од 120-113) над Мемфис Гризлис. “Џезерите” триумфираа на гостински терен најмногу благодарение на нивната млада ѕвезда, Донован Мичел, кој постигна 30 поени. Беше следен од најдобрата резерва во NBA, Џордан Кларксон, кој постигна 24 поени влегувајќи од клупата. На спротивната страна, Џа Морент имаше дабл-дабл учинок од 23 поени и 12 асистенции, недоволни за израмнување на серијата. Тимот од Солт Лејк Сити води со 3-1 во победи.

Тимот на Вашингтон Визардс “остана во живот”. Tимот од главниот геад, покажа заби и не дозволи да биде “збришан” од првопласираната Филаделфија откако успеа да извојува победа во “Кепитл Уан арена” со конечни 122-114. Расел Вестбрук оствари трипл-дабл (19 поени, 14 асистенции и дури 21 скок) а Бредли Бил постигна 27 поени за “волшебниците”. Филаделфија со предност од 3-1 во победи се враќа во Пенсилванија со цел да ја “заокружи” серијата од првото коло.

NBA FAN

Димитар Младеновски