Феникс Санс се судри со Филаделфија 76ерс во дуел на првопласираните тимови во двете конференции.
Домаќините ја потврдија одличната форма и извојуваа голема победа во “долината на сонцето” со конечни 114:104. Девин Букер беше прв стрелец со 35 постигнати поени следен од Крис Пол кој имаше дабл-дабл ефект од 19 поени и 14 скокови. На спротивната страна Џоел Ембид имаше 37 поени но Џејмс Харден имаше слаба шутерска ноќ која се покажа пресудна за поразот.
Интересно е што борбата за врвот во источната конференција е толку израмнета што синоќешниот пораз ги симна “сиксерси” од првата на четвртата позиција. Феникс е водечки тим во NBA со скор 61-14. Последен пат кога “сонцата” ја надминале бројката од 60 победи пред 75-от натпревар во тековното првенство е далечната 1993-та година кога се пласираа во финалето каде загубија од Чикаго Булс.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















