Од синоќешната програма го издвојуваме склучително интересниот и неивесен натпревар во “Еј Ти ен Ти” центарот. Во дуелот помеѓу тексашките ривали се судрија Далас Маверикс и Сан Антонио Спарс.
Гостите од Далас повторно настапија некомплетни. Повторно недостасуваше интернационалното центарско дуо, латвискиот центар Кристапс Порѕингис и германскиот репрезентативец Макси Клебер. И покрај тоа што во дуелот не беа со полна сила, нивниот лидер повторно беше на висина на задачата. Лука Дончич беше на чекор до трипл-дабл учинок и повторно, беше најзаслужен за победата на гостински терен.
Словенската млада ѕвезда постигна 23 поени, 12 скокови и 7 асистенции во минималната победа на “мавси” со 109-108. Младиот бек, Џејлен Брансон одигра маестрално и реализира 31 поен и 10 скокови, а огромен придонес имаше поранешниот центар на “спарси”, српскиот џин, Бобан Марјанович кој за 15 минути поминати во игра, постигна 17 поени. На спротивната страна, Дежонте Мареј имаше водечки 23 поени и 8 асистенции. Со новиот триумф, Далас го дели третото место во западната конференција, заедно со Лос Анџелес Лејкерс и Мемфис Гризлис. Трите тимови имаат идентичен скор од 5-3.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)


















