Иако сме далеку, живееме на Филип Исланд, воздухот мириса на пожарите, а пред два дена имаше и магла, вели Оливера Најдовска, Македонка која живее во Викторија, Австралија.
Сите се потресени од пожарите во кои изгореа домови, шуми и огромен број животни. Неизвесно е што ќе се случува во наредните денови, а многу граѓани за празниците беа принудени да ги напуштат домовите.
„Пожарите во Викторија, Австралија, оваа година зедоа силен замав и опустошија повеќе од 10.7 милиони хектари земја, површина што е повеќе од Португалија или Јужна Кореја како што пишуваат некои портали. Досега во Викторија загинати се 3 лица од вкупно 27 во цела Австралија.
Уништени се повеќе од 200 домови, а повеќе од 2.000 пожарникари и волонтери се борат со огновите. Моментално владеат преку 39 пожари во североисточниот и источниот дел од Викторија и граѓаните од овие краишта беа приморани да ги напуштат своите домови и да го спасат својот живот. Дел од нив мораа да заминат на крајбрежјето каде што со бродови беа однесени на безбедно место. Дел од граѓаните Новогодишните и Божиќните празници ги поминуваат кај своите блиски роднини и пријатели кои се далеку од опасната зона, а дел се во евакуирачки центри.
Иако е мала концентрацијата на македонски иселеници во овој дел од Викторија сепак, секој човечки живот вреди без разлика дали е тоа некој наш иселеник или не. Болна е сликата на изгорени домови и посебно глетката на изгорени животни од кои највеќе кенгури и коали кои се од голема важност и дел од фауната на Австралија“, вели таа.
Додава дека климатските промени се забележуваат низ цела Викторија. На 200 км оддалаченост се чувствува чад во воздухот и загрозено е здравјето на лицата кои имаат проблеми со дишењето, постарите лица и бебињата.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



