Кошаркарите на Далас Маверикс му го нанесоа еден од најтешките порази во историјата, на тимот на Лос Анџелес Клиперс. Во синоќешниот меч, тимот од Тексас ги уништи “клиперси” на нивни терен.
Катастрофалното прво полувреме заврши со рекордни (во 75 годишната историјата на NBA лигата) +50 поени предност. Далас замина на пауза (неверојатни 77:27), а во вториот дел домашните заиграа за нијанса подобро. Искористија одредено опуштање на противникот поради тоа што и гостите комплетно ја повлекоа првата петорка и до крајот на мечот настапуваа со “резервниот” состав.
Конечните 124:73 за Далас значеа и прва победа на гостите оваа сезона, по стартните два порази. За “клиперс” кој настапија без својот најдобар играч, Каваи Леонард, ова претставуваше прв пораз по почетните две победи.
Лука Дончич, кој одигра нешто повеќе од едно полувреме на мечот, заврши како најдобар поентер кај гостите со 24 поени, следен од новото засилување, Џош Ричардсон кој реализира 21 поен. На спротивната страна, во мизерната претстава на домаќините, предводник беше Пол Џорџ кој средбата ја заврши со 15 поени.
NBA FAN
Димитар Младеновски










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











