Ц. Звезда на Панчев и Најдоски во конкуренција за најдобар тим на сите времиња

73

Шампионската генерација на Црвена Звезда од 1991 година се наоѓа во конкуренција за најдобра во историјата, во изборот на шпанска Марка.

На листата се наоѓаат 22 тима, меѓу кои и составот од кој беа дел Дарко Панчев и Илија Најдоски кој 1991. година ја освои Лигата на шампионите. Во моментов Звезда е на  5. место со освоени 13.500 гласа. Највеќе гласови досега има Барселона од ерата на Пеп Гвардиола (48.100), второто место му припаѓа на Реал Мадрид под водство на Зидан (31.400), додека на третото место е генерацијата на Милан која беше предводена од Ариго Саки (20.400).

Во анкетата се бираат и најдобрите 11 во историјата, а гласањето како и за тимовите се уште е во тек.

Целиот избор на „Марка“ и анкетата може да ја погледнете ТУКА.