NBA-Бостон покажа дека е повеќе од сериозен (ВИДЕО)

752

На натпревар во кој се очекуваше домаќинот (конечно) да го врати ударот и да се врати во серијата, гостите од Масачусец испратија силна и јасна порака. Бостон Селтикс е сериозен конкурент за тронот.

“Келтите” го освоија “Барклеј” центарот со конечни 109:103 и поведоа со 3:0 во серијата. Пред “нетси” е речиси невозможна мисија да се вратат во игра. Џејсон Тејтум повторно беше лидер на својот тим со 39 поени следен од Џејлен Браун кој постигна 23. Разочарувачкото издание на Кевин Дурент и Кајри Ирвинг кој постигнаа по 16 поени беше главна причина што “мрежичките” се наоѓаат на излезна врата од годинашниов плејоф.

Одличната одбрана на “селтикси” предводена од годинешниот најдобар дефанзивец Маркус Смарт како и враќањето на центарот Роберт Вилијамс беше клучна за новиот триумф. Следниот натпревар е за два дена.

NBA FAN

Димитар Младеновски