NBA-Бостон на чекор до големото финале (ВИДЕО)

563

Бостон Селтикс ја врати предност во финалето на источната конференција.

Рано сабајлево, “селтикси” извојуваа голема победа на гости (93:80) и поведоа со 3:2 во серијата. Во натпревар каде одбраната повторно беше во прв план, клучна за успехот беше третата четвртина која Бостон ја доби со 32:16. Водечки беше Џејлен Браун со 25 поени следен од Џејсон Тејтум кој постигна 22 поени. Тимот од Масачусец е на чекор до големото финале од каде го дели само уште еден триумф.

Следниот меч се игра за два дена од сега.

Димитар Младеновски