Русите го тролаат Порто: Извинете, но немаме лиценца за прикажување филмови за возрасни

50

Руски Краснодар вчера го шокираше Порто на „Драгао“.

Откако на свој терен загубија со 0:1, никој на рускиот тим не му даваше шанси за пласман понатаму, но тие целосно го демолираа португалскиот великан и во реваншот славеа со 2:3 со два гола на 19-годишниот суперталентираниот Шапи Сулејманов кој беше резерва на првиот натпревар.

По првото полувреме беше 0:3, а една руска телевизија се одлучи да постави интересен коментар на Твитер.

„Извинете, но немаме лиценца за прикажување филмови за возрасни. Краснодар го уништи Порто во првото полувреме и издржа во второто“, напиша од „Мач ТВ“ со фотографија на која пишува „Порто Хаб“, што e јасна игра на зборови и алудира на еден познат сајт за возрасни.

loading...