Василије Мицич е пред премин во најсилната кошаркарска лига.
По освојувањето на втората последователна европска титула со Анадолу Ефес, се погласни се коментарите дека е дојдено вистинско време за српскиот репрезентативец да се пресели преку океанот. Мицич беше најдобар стрелец на Евролигата оваа сезона и ја освои наградата за најкорисен играч на фајнл-форот во Белград, минатата недела.
Правата врз популарниот “Васо” при преселба во NBA ги има младиот тим на Оклахома Сити Тандер. Она што е исклучително интересно е податокот дека доколку Мицич реши да се приклучи на “грмотевиците”, тој веднаш би ја добил потребната минутажа за игра при што на дело би ги покажал своите неспорни лидерски квалитети.
По четири години поминати во Турција, останува да видиме дали “тивкиот убиец” конечно ќе се реши да направи радикален чекор во својата кариера?
Димитар Младеновски