Филаделфија го пречека Бостон и доживеа нешто кое ретко кој можеше да претпостави.

Новодојдениот Џејмс Харден беше во салата, ги поздрави навивачите но не дебитираше за својот тим. Гостите ја продолжија победничката серија на 9 победи по ред на импресивен начин. Со одлична игра во текот на целиот натпревар, “селтикси” целоснo доминираа и ги разнесоа “сиксерси” со 48 поени разлика (135-87). Џејлен Браун беше прв стрелец со 29 поени следен од Џејсон Тејтум кој постигна поен помалку. На спротивната страна само двајца играчи на Филаделфија имаа двоцифрен број на поени, и не ни чудно што домаќините доживеаа ваква катастрофа.
Овој натпревар претставуваше седмиот најтежок пораз за Филаделфија 76ерс во тимската историја.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















