Бруклин Нетс, конечно успеа да победи по речиси еден месец.
“Мрежичките” го пречекаа младиот тим на Сакраменто без повредениот Кеви Дурент, Кајри Ирвинг и новодојденот Бен Симонс. Иако ќе треба да почекаат да го видат Симонс во црно/белиот дрес, на овој меч свое деби остварија двајца нови играчи.
Сет Кари и Андре Драмонд (кој пристигнаа во трампата која Џејмс Харден го испратија во Филаделфија) го забележаа првиот настап во дресот на Бруклин. Кари беше прв стрелец во тимот со 23 поени а искусниот центар Драмонд постигна 11 поени и 9 скокови. Ламаркус Олдриџ и Брус Браун беа на висината на задачата, и за укажаната минутажа одговорија со по 19 поени.Ова претставуваше прва победа на Бруклин Нетс по 11 порази по ред, и прв триумф по 21-ви Јануари 2022 кога на гости ги поразија Сан Антонио Спарс. Во моментов се наоѓаат на осмата позиција во источната конференција. За потсетување, ниеден тим во историјата на NBA не успеал да стигне до шампионскиот пехар кога во тековната сезона имал серија од 6 порази по ред.
NBA FAN
Димитар Младеновски