Индискиот јогин кој тврдел дека не јадел ниту пиел цели 80 години, и бил предмет на медицински истражувања, починал на 90-годишна возраст, објави неговиот сосед, според извештаите на медиумите.
Прахлад Јани, аскет со долга брада и прстен на носот моделиран по хинду-божица, е роден во селото Чарада во државата Гуџарат (западна Индија) и за време на неговиот живот тврдел дека престанал да пие вода и да јаде на 11-годишна возраст.
„Тој почина во вторникот наутро од старост во неговиот дом“, изјави неговиот сосед Шетал Чадури за АФП.
„Беше однесен во болница по полноќ, а дежурниот доктор го прогласи за мртов“, рече соседот.
Јани тврдеше дека како дете бил благословен од божицата и му биле дадени посебни знаења.
„Го добивам еликсирот на животот преку дупка во моето непце, што ми дозволува да живеам без храна и вода“, изјави тој за Франс прес во 2003 година.
Невозможно е да се провери дали јогинот земал храна и вода во текот на тие децении.
Невозможно е за лекарите човечкото тело да пости толку долго.
Со својот аскетизам, тој успеал да основа мала заедница на верници, а исто така го привлече вниманието на научниците. Индиските медицински екипи го набљудувале во два наврати во 2003 и 2010 година.
За време на спроведувањето на втората студија, тој бил постојано набљудуван од камери кои покажале дека тој издржал без храна и пијалок две недели и за тој период ниту уринирал , што ги зачудило лекарите.
„Тој феномен останува тајна“, изјавил неврологот од тимот лекари кои работеле на неговиот случај.

![[ВИДЕО] „Чудо“: Пилот изврши итно слетување во Атлантикот, сите се спасени](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/VbXNl-screenshot-2026-05-15-071017-218x150.webp)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)

![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)














![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-100x70.webp)
![[ВИДЕО] „Чудо“: Пилот изврши итно слетување во Атлантикот, сите се спасени](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/VbXNl-screenshot-2026-05-15-071017-100x70.webp)

