NBA-Битка до последен здив во “Ел-Еј” (ВИДЕО)

1010

Послениот натпревар од богатата NBA програма, штотуку заврши, рано сабајлево. Лос Анџелес Лејкерс во “Стејплс центар” го пречека Мајами Хит.

Тимот од Флорида, пристигна во “Ел-Еј” по тешкиот пораз во Денвер, каде во центарот на вниманието беше дуелот помеѓу Никола Јокич и Маркиф Морис. По тензичните изјави и провокациите по завршувањето на мечот, “жешките” беа мотивирани да се вратат на победничките патеки. Од друга страна, домаќините пробуваа да влезат во ритам по добивањето на несаканата информација дека ќе настапуваат без својот лидер, Леброн Џејмс, во нарените три недели.Во репризата од финалето 2019 година, се играше исклучиво брза и ефикасна кошарка. На полувреме се отиде со израмнет резултат. Во центарот на вниманието беше дуелот помеѓу All-Star центрите, Ентони Дејвис и Бем Адебајо. На почетокот од второто полувреме, Расел Вестбрук го презентираше својот подобрен шут од далечина на што адекватно одговори Тајлер Хироу, на кого тоа му е заштитен знак.

Во последната четвртина гостите влегоа со мала предност. Одличниот шут “жешките”, прецизната организација на играта на Кај Каури, како и доминацијата во рекетот на Бем Адебајо, го доведе тимот од Флорида на чекор до гостински триумф. По поените на Расел Вестбрук, Пи-Џеј Такер заби од одбојка за израмнет резултат (112-112). Вестбрук имаше шанса за победнички шут кој беше неуспешен, па натпреварот отиде во продолжение. Bo дополнителните пет минути, “лејкерси” беа постабилни и ја заслужија победата. Прв стрелец на тимот беше Малик Монк со 27 постигнати поени, влегувајќи од клупата зе резервни играчи. Беше следен од Расел Вестбрук кој имаше трипл-дабл учинок (25 поени + 14 асистенции и 10 скокови). На спротивната страна, 28-те поени на Бем Адебајо и 27-те на Тајлер Хироу, не беа доволни за освојување на “градот на ангелите”.

NBA FAN

Дмититар Младеновски