Навивачите на Челзи воодушевени утрово (ФОТО)

461

Навивачите на Челзи, утрово ги воодушеви новата фотографија на која се потврдува големиот трансфер.

По долги преговори, дефанзивецот Калиду Кулибали (конечно) се пресели од Наполи во Челзи. Репрезентативецот на Сенегал е официјално нов играч на “сините” од Лондон. По поминувањето на лекарските прегледи, тој позираше во новиот дрес и веднаш му се приклучи во тимот за престојната турнеја во САД. Тимот од “Стемфорд бриџ” ги започнува подготовките за наредната сезона “преку барата”.

31-годишниот дефанзивец потпишува петгодишен договор и ќе заработува 10 милиони евра годишно. Во Наполи помина 8 години а претходно настапуваше во француски Мец, и белгиски Генк. Италијанскиот клуб од овој трансфер ќе добие оштета од 40 милиони евра.

Димитар Младеновски