Италијанската фудбалска легенда, Џанлуиџи Буфон потпиша нов договор со Парма до 2024 година.
“Џиџи” не размислува за пензија, а потенцира дека ќе ја одработи соработката со “млекарите“ до крајот и може пак да ја продолжи во иднина.
“Можам да се пензионирам на 55 години. Минав десет години во Парма и уште дваесет во Јувентус. Веќе десет години размислувам за пензија, ама секогаш продолжувам понатаму.“ – изјави Буфон.
Легендарниот голман има 44 години, а минатата сезона (во вториот дел од сезоната) во Парма играше заедно со македонската фудбалска легенда, Горан Пандев.
Димитар Младеновски
















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)




















