Македонските пари кои никогаш не беа пуштени: Сепак беа отпечатени, а видете за колку се продаваат на светскиот пазар

484

Монетарното осамостојување е процес на прецизирање на државниот суверенитет во областа на монетарните финансии, тука вклучувајќи и создавање на национална валута. Тоа се вршело во најголема тајност веднаш по прогласувањето на независноста и донесувањето на Уставот на нашата земја. Прогласувањето се случило на 26 април 1992 година, кога првиот премиер на нашата држава, Никола Кљусев од говорницата на парламентот ги презентирал првите пари. Името на македонскиот денар води потекло од римскиот збор „денариус“, збор изведен од дени – што значи „по десет“. Најпрвин, во 1991 година биле воведени вредносни бонови печатени во печатницата „11 Октомври“ од Прилеп.

Тие требале да послужат како привремено платежно средство. На 29 април 1993 година, југословенските динари официјално престанале да важат како платежно средство во Македонија. Дизајнот на првата емисија на книжни пари било дело на графичкиот уметник Борче Николоски, а банкнотите носеле ликовни решенија од македонската историја. Подвалутата на денарот е наречена „дени“ и претставува еден стоти дел од денарот.

Но, околу името на парите постојат повеќе приказни. Првата шпекулација излегла уште на 24 јануари 1991 година кога од непознат автор дошол предлогот „пеон“, според името на народот што живеел на овие простори – Пеони. Малку подоцна, прилепската печатница, по своја иницијатива, отпечатила прототип на македонски пари „статер“ – грчки назив под кој некои антички македонски владетели ковале пари. Предлогот случајно излегол во весник… Многу малку вакви банкноти со тоа име се отпечатени и веднаш повлечени. 

Ама сепак, некој успеал да зачува примерок и денес на светските пазари банкнота со името стартер (дваесет статери) се продава дури за 5.000 евра.

Погледнете:

Р.М.М.