Дури и кога можете да вратите на нанесената болка – немојте…
Немојте. Бидете посилни од тоа. Бидете поголеми. Помудри. Не заради некој друг, туку заради себеси. Иако можеби тоа го заслужуваат, вие бидете на повисоко ниво. Покажете дека иако можете да вратите во иста мера, нема да го направите тоа. Затоа што не се спуштате на тоа ниско ниво.
Ако го направите тоа, тогаш сте исти како нив. А не сте. Не сте. Вие сте побудни и посвесни. И вашите дела се одраз на вашето ниво. На нивните, на нивното. Не ги мешајте овие работи. Заблагодарете се што повеќе не се во вашиот живот и што ви се отвориле очите. Па потоа едноставно збогувајте се и со мир продолжете понатаму. Нема поента да се одмаздувате. Нема вредноство тоа. Болката која ќе ја зададете повторно ќе ви се врати. А тоа не го сакате. Затоа немојте.
Освесте те ја таа мудрост во себе. Таа сила. Тоа дека можете, ама нема да го направите тоа. Тоа дека сте скромни во вашата големина. И не мора никој да знае. Доволно е што вие го знаете тоа. Дека сте толку големи луѓе што не паѓате на ниски побуди. И не им се предавате на лоши намери. Вие знаете… А и тие ќе го почувствуваат тоа на некое ниво. Дека го отфрлате мечот на одмаздата и дека тие повеќе не можат да допрат до вас на ниеден начин. Затоа што сте далеку над нив. И тие можат само да ве гледаат.
И можеби и тие тогаш ќе одлучат, дали ќе се освестат и ќе пораснат или ќе продолжат да ползат ниско по земјата.