Претседателот на здружението „Швајцарец“, Кемал Дураковиќ е задоволен од фактот што во последните 15 дена во БиХ се изречени 14 пресуди во корист на корисниците на кредити поврзани со девизниот курс на швајцарскиот франк, на штета на добро позната банка.
Вкупно 13 пресуди беа изречени од Општинскиот суд во Мостар, а една од Основниот суд во Бања Лука, со што бројот на позитивни судски решенија во корист на корисниците на кредит е скоро 400.
Се разбира, ова се само првостепени пресуди, затоа се чека да се види како ќе одлучат повисоките судови за жалбите на банката.
Здружението го наведе примерот на Един Анделија од Травник, кој ја победи банката на суд. Тој извади кредит во износ од 30.000 марки (нешто повеќе од 15.000 евра) а до пресудата, на банката и вратил 41.366 марки (21.150 евра).
Според пресудата на судот, банката е должна да му врати на Анџелија 11.366 марки (5.811 евра).
Вреди да се спомене дека Анделија требаше да го враќакредитот уште пет години со месечна рата од 500 марки, така да на подигнатите 30.000 на банката требало да и врати 70.000 марки (35.790 евра). Сепак, според пресудата на судот, таа обврска му била „симната од вратот“.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











