Бокс корнер со Димитар Младеновски-Крвава ноќ во Њу Јорк (ВИДЕО)

1386

За Теофимо Лопез, и неговиот пат кон врвот веќе пишувавме.

“Гордоста на Брулин” (како што го нарекуваат повеќето) се судри со Џорџ Камбосос Јуниор во дуел на два непоразени борци во лесна категорија. Овој двобој беше лов на три титули, Супер ВБА, ИБФ и ВБО организацијата. По долго исчекување и неколку презакажувања, ова борба донесе многу возбудување и (за многумина) изненадувачки епилог.По големата победа над двократниот олимписки шампион, Василиј Ломаченко (Октомври 2020 год.) Лопез имаше пауза од 13 месеци. Натојувањата на тимот на украинецот за реванш против новиот шампион, останаа без резултат. Кога сите очекуваа дуел помеѓу “Тео” Лопез и Девин Хејни, двата тима не успеаа да се договорат. Тогаш во игра влезе “Австралискиот бомбардер” Џорџ Камбосос, кој по победата над Ли Селби стана задолжителен предизвикувач на титулите на Лопез.Дуелот првично беше закажан за 5-ти Јуни ’21 во Мајами (Флорида), па презакажан за 14-ти Август ’21 год. Потоа дојода вести дека Лопез е позитивен на КОВИД-19 и мечот беше повторно одложен за 4-ти Октомври ’21. Тогаш компанијата која требаше да го пренесува мечот, “Трејлер” се обиде борбата да ја премести во Австралија, родната земја на предизвикувачот. Откако и оваа варијанта не беше прифатена од страна на шампионот имаше можност дуелот да се одржи во Саудиска Арабија, за на крајот да се дојде до конечно решение за датум – 27.11.2021 во легендарниот “Медисон Сквер Гарден” – театар “Хулу”.Долгоочекуваниот двобој започна експлозивно. Двата борци задаваа силни и прецизни удари но, на изненадување на многумина, аутсајдерот Камбосос го диктираше темпото. Веќе во втората рунда Лопез беше на подот но, набрзо се врати жестоко во мечот. Како одминуваа рундите, се поевидентна беше тактичката прецизност на Австралианецот.

Камбосос важи за фајтер кој не ретко боксува длабоко до 12-тата рунда за разлика од Лопез кој своите борби најчесто ги решаваше далеку побрзо со молневита брзина. Не јасна беше тактиката на тренерскиот тим на боксерот од Бруклин, кој евидентно во целата борба, направија многу пропусти кој беа значајни за крајниот резултат. На крајот од крвавиот дуел, судиите изгласа 2-1 победа (115-111, 113-114, 115-112) за т.н. “Император” од Сиднеј.Најголема причина за поразот на Теофимо Лопез е потценувањето на предизвикувачот. Од друга страна, Џорџ Камбосос презентираше ментално, тактичка и психолошка доминација во најважната борба во неговата досегашна кариера. Лопез дополнително ја загреа атмосферата на крајот од мечот кога тврдеше дека незаслужено загубил. Американецот сметаше дека добил 10 од 12-те рунди, но неговото лице кажуваше нешто сосема друго.Џорџ Камбосос, стана шампион во три категории во својот 20-ти професионален дуел. До сега нема пораз. За Теофимо Лопез ова е прв пат во професионалната кариера, рингот да го напушти со спуштена глава, по 16 импресивни победи.

Димитар Младеновски