Меморандум за разбирање со „Казанџи Холдингс АС“ за инвестиција, вредна милијарда евра

1176

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со претседавачот на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“, Шабан Џемаил.

Како што информираат од владината прес-служба, по средбата двајцата ќе потпишат Меморандум за разбирање во Свечената сала на Владата.

По завршување на настанот во Свечената сала, претседателот на Владата, Мицкоски и претседавачот на „Казанџи Холдинг АС“, Џемил, ќе одржат прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Владата.

Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање треба да се отбвори патот за реализција на инвестицијата „Казанџи груп“, вредна една милијарда евра за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво.

„Казанџи груп“ е светски гигант во енергетиката со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.