Црвена Ѕвезда продолжува сериозно засилува.
Ново име во тимот од Белград е поранешниот NBA плејмејкер, Шабаз Непиер.
32-годишниот бек доаѓа од Олимпија Милано со кој ланското првенство го освои италијанскиот шампионат.
Во најсилната кошаркарска лига има настапувано за Мајами, Орландо, Портланд, Бруклин, Минесота и Вашингтон пред да се пресели на стариот континент во руски Зенит па во миланска Олимпија.
Пред 10 години, Непиер со универзитетот Конектикат ја освои NCAA титулата и беше прогласен за најкорисен играч на турнирот.

Непиер ќе биде замена за Факундо Кампацо. Аргентинецот го напушти Белград и се врати во добро позната средина (неговиот поранешен тим) Реал Мадрид. Лани летото, популарниот “Баси” беше цел на управата на “црвено/белите” а овој предоден рок конечно успеаа да го доведат во своите редови.
Ѕвезда е еден од најактивните тимови во летниот преоден рок. По доведувањето на репрезентативниот плејмејкер – Милош Теодосич, во “Штарк арена” пристигнаа и довчерашниот играч на Чикаго Булс, Марко Симонович како и литванскиот интернационалец Рокас Гиедратис. Огромен придонес се очекува и новодојдениот ветеран Адам Хенга кој пристигна од шампионскиот Реал Мадрид, како и од Mајк Тоби кој доаѓа од Барселона. Центарската позиција е засилена со искусниот Џоел Боломбој.
Повеќе од јасно дека амбициите на тимот се далеку повисоки по ланската разочарувачка сезона.
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)




















