Ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти Јанури 1998 година, Чикаго го пречека Хјустон.
Ова претставуваше дуел помеѓу тимовите кој освоија 9 од 10-те титули во ’90-тите.
Тимот од Тексас имаше тежок старт на сезоната и во оваа фаза на првенството бележеше 50% успех. Во Чикаго допатуваа без Хаким Олајџувон и Клајд Дрекслер. Чарлс Баркли беше расположен за игра. Постигна 35 поени и 14 скокови.
Кај домаќините, Мајкл Џордан повторно имаше свое шоу. Најголемиот на сите времиња постигна 45 поени со одличен процент на шут од поле. Скоти Пипен забележа “дабл-дабл” учинок со 23 поени и 10 асистенции.
“Биковите” стигнаа до 28-от триумф во првенството со конечни 106:100.
Чикаго, на крајот од ова првенство, повторно успеа да стигне до првата позиција во Источната конференција. Во големото финале (втора година по ред) се соочија со Јута Џез, и ја освоија шестата титула во тимската историја.
NBA FAN
Димитар Младеновски













![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















