Една од најголемите дебати во последните години во фудбалот се води околу прашањето кој е подобар – Роналдо или Меси. Сега добивме пресметка и од суперкомпјутер.
Професори на универзитетот КУ Левене и аналитичари на фирмата „СциСпорт“ смислија формула која дава некаков одговор.
„Вредноста на фудбалерите често се темели на голови и асистенции. Се проценува дека на секој натпревар во просек има околу 1600 акции. Нашиот модел зима во предвид се од тие акции – шутеви, додавања, дриблинзи, дуели…И ја пресметува нивната вредност“, објасни професорот Џеси Дејвис.
Во анализата тие користеа податоци од сезоната 2013/2014 до крајот на сезоната 2017/2018 кога Роналдо премина од Реал Мадрид во Јувентус. Суперкомпјутерот дојде до заклучок дека ѕвездата на Барселона е подобар играч.
Коефициентот на Меси во вреднување по акција е 1.21 по натпревар, додека Роналдо бил на 0.61.
„Во првите две сезони беа еднави, но Меси од 2015/2016 направи разлика“, објасни Том Декрос, студен кој учествувал во истражувањето.
„Имаме играчи кои учествуваат во многу акции, но немаат висока вредност, таков е Пол Погба, а имаме играчи кои помалку учествуваат во играта, меѓутоа нивниот учинок и влијание се поголеми. Тоа е типично за Кејн, Салах или Роналдо. Меси во тој сегмент е неверојатен и има многу голем број на акции кои имаат голема вредност“.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















