Синоќа се случи реприза од минатогодишната финална серија.
Бостон Селтикс го пречека Голден Стејт Вориорс. Следуваше интересен и крајно неизвесен меч.
Регуларните 48 минути не беа доволни за да се реши победникот а во дополнителните 5 минути игра славеа домаќините со конечни 121:118. Со овој триумф “Селтикси” ја прекинаа серијата од четири порази едно по друго против тимот од Калифорнија.
Прв стрелец кај победникот беше Џејсон Тејтум со 34 поени и 19 скокови, следен од Ал Хорфорд кој постигна 20 поени. Кај “Воините”, Стеф Кари беше водечки со 29 поени.
NBA FAN
Димитар Младеновски