Новата година само што започна а веќе имаме едно фантастично поентерско достигнување.
Рано утрово Кливленд Кавалирс го пречека Чикаго Булс.
Во ултра ефикасен натпревар “Кавси” победија со 145:134, по продолжението од 5 минути. Донован Мичел постигна неверојатен 71 поен!
Фантастичната претстава на популарниот “Спајда” претставува најмногу поени во овој век по Коби Брајант кој постигна 81 поен во 2006-та година.
Мичел погоди 22 од 34 обиди од игра, зграби 8 скокови и реализира 11 асистенции. Постигна 7 тројки и 20 слободни фрлања. Воедно, ова претставува и рекорд за франшизата од Охајо. Досегашниот рекорд го делеа Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг со по 57 постигнати поени.
Мичел претставува седмиот играч во историјата на NBA што ја надминува границата од 70 постигнати поени. Пред него тоа го имаат постигнато: Вилт Чембрлен, Коби Брајант, Дејвид Робинсон, Елџин Бејлор, Дејвид Томсон и Девин Букер.
NBA FAN
Димитар Младеновски








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)




