Лос Анџелес Лејкерс и Бостон Селтикс одиграа драматичен и неизвесен натпревар.
Во дуелот помеѓу најтрофејните NBA тимови, регуларните 48 минути игра не беа доволни за да се реши победникот. По продолжението од 5 минути, гостите од Масачусец извојуваа голема победа од 122:118.
И покрај тоа што беше најдобар стрелец во составот, Ентони Дејвис беше трагичар на мечот откако промаши две слободни фрлања на крајот од регуларниот дел. Дејвис постигна 37 поени а Леброн Џејмс 33 поени но, ни тоа не беше доволно за домашен триумф. Џејсон Тејтум беше најдобар играч на натпреварот со 44 поени, а поддршка доби од Џејлен Браун кој реализираше “дабл-дабл” сочинет од 25 поени и 15 скокови.
На 4 минути до крајот, “Лејкерси” имаа 13 поени предност но, тогаш Бостон покажа зошто е најдобриот тим во NBA. Најпрво фуриозно се вратија во мечот, а потоа ги постигнаа првите 12 поени во продолжението со што ја запечатија победата.
Со новиот триумф, “келтите” се првопласирани во целата лига со скор 22-7.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















