Српскиот репрезентативец доаѓа дома.
Немања Недович се враќа во дресот на “црвено/белите” по пауза од 10 години. 31-годишниот кошаркар својата професионална кариера ја започна во “ѕвезда”, во 2008-ма година а во Београд се задржа до 2012 година. Потоа се пресели во Литванија каде настапуваше во Литвос Ритас пред да премине во најелитното кошаркарско натпреварување, каде го облече дресот на Голден Стејт Ворирос во сезоната 2013/2014 и настапи на 24 натпревари.
Следуваше период од четири години каде достигна играчка зрелост настапувајќи во Шпанија. Во периодот од 2014 до 2018 година настапуваше за Валенсија па потоа за Уникаха Малага. Се сели во Милано каде настапувајќи две години за Олимпија, стана еден од милениците на публиката. Последните две сезони ги помина во дресот на Панатинаикос каде важеше за еден од најважните играчи во тимот од Атина. Сега, на огромно задоволство на навивачите се враќа дома.
Црвена Ѕвезда има високи амбиции за следното првенство како и за годините пред нас. Самиот податок што Недович потпиша тригодишен договор, говори за сериозноста на проектот.
Димитар Младеновски