Денвер Нагетс го пречека Лос Анџелес Лејкерс и му испрати силна порака. Во дуелот помеѓу шестопласираниот и седмопласираниот тим на Западот, домаќините го разнесоа противникот. Тимот од Колорадо победи со 133-96, најмногу благодарејќи на успешната тимска игра и балансираниот напад.
Дури седум играчи на “нагетси” имаа двоцифрен број на поени. Најпрецизен на мечот беше дебитантот “Боунс” Хиланд кој постигна 27 поени против својот идол Расел Вестбрук. Одличен меч одигра ветеранот Џеф Грин со 26 постигнати поени а Никола Јокич оствари трипл-дабл учинок (17 поени + 13 асистенции и 12 скокови). Јокич до својот 66-ти трипл-дабл во кариерата, стигна за само 20 минути поминати во игра.
Ланскиот најкорисен играч во NBA е рекордер по брзината на потигнат трипл-дабл, откако против Милвоки за само 14 минути во игра успеа да оствари ваков учинок.
NBA FAN
Димитар Младеновски