NBA-Воините со триумф од +42 (ВИДЕО)

826

Од синоќешната NBA програма го издвојуваме мечот помеѓу Чикаго Булс и Голден Стејт Вориорс.

“Воините” допатуваа во “ветровитиот град” само 24 часа по поразот од актуелниот шампион, Милвоки Бакс. Во “Јунајтед” центарот пружија игра која многумина ги остави во шок. И покрај тоа што настапија без Клеј Томсон и Дрејмонд Грин, Голден Стејт го демолира Чикаго со 42 поени разлика!

Уште од самиот старт на натпреварот беше видливо дека гостите од Оукленд се повеќе од расположени за игра. Во првото полувреме постигнаа 78 поени наспроти 47 на домаќините. Крајниот резултат, 138-96 на најдобар начин ја опишува лошата ноќ за “биковите”. Прв стрелец на мечот беше дебитантот Џонатан Куминга со 25 поени, следен од Џордан Пул со 22 и од канадскиот репрезентативец, Ендрју Вигинс кој поистигна 21 поен.Голден Стејт со сооднос на победи и порази од 31-11, е второпласиран тим во целата лига. Синоќешниот меч претставува деветиот најтежок пораз во богатата историја на Чикаго Булс.

NBA FAN

Димитар Младеновски