Рано сабајлево, се случи исклучително возбудлив меч помеѓу Денвер Нагетс и Њу Орлеанс Пеликанс. Беа потребни дополнителни 5 минути игра за да се реши победникот.
Домаќините од Колорадо, предводени од актуелниот MVP, Никола Јокич, ја заслужија победата. Српскиот центар имаше инзвонредна претстава. Реализира трипл-дабл учинок сочинет од 39 поени, со 11 скокови и 11 асистенции и беше најзаслужен за успехот на својот тим.

Ова е четврти пат сезонава тој да има двоцифрен учинок во три статистички категории. Јокич постигна 17 од последните 24 поени за “нагетси”, од кој 11 во продолжението на мечот.
Денвер победи со 120-114 и стигна на осмата позиција во Западната конференција, со скор 12-12.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















